Македонија
Вработените во образование револтирани, можен протест или штрајк ако нема усогласување на платите

Без резултати се преговорите со Владата за усогласување на платите на вработените во градинките и во образованието со зголемената минимална плата во државава и со колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Во сабота ќе заседава Советот на СОНК и ќе бидат донесени заклучоци за идни чекори врз основа на пораките и очекувањата на членството на СОНК, кое е револтирано, рече претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков.
Тој информираше дека имале средби со ресорните министри во МОН и МТСП и преговорите ги продолжиле во Владата, но нема конкретен одговор на побарувањето на СОНК ниту понуда на процент на усогласување односно зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. Според него, најголемиот законски прекршок е во дејноста детска заштита каде што десет различни работни позиции, согласно колективниот договор, се поистоветуваат и ќе земаат иста плата, во основно образование се работи за пет, а во средното за четири работни позиции кои се со различни коефициенти и различна сложеност на работни места, а ќе земаат иста плата.
Соопшти дека најдоцна до среда ќе се разговара и на Економско-социјален совет во Владата, под претседателство на премиерот, каде што и СОНК ќе биде поканет. Нагласи дека СОНК е конструктивен и ги разбира позициите на Владата со оглед на сите кризи и затоа ќе ги искористат, како што рече, сите можни синдикални средства за разговори и преговори за остварување на работничките права што се донесени со акти кои не се почитуваат.
Од пораките што ќе ги добијат од членството и од исходот на претстојната седница на Економско-социјалниот совет ќе решаваат за идните активности.
-Револтот во членството е огромен, особено во градинките и во основното и средното образование, во ученичките односно студентските домови, а секако и високото образование очекува да се вклопи во пресметките за усогласување на платите. СОНК е конструктивен синдикат, остануваме доследни докрај се додека не се исцрпат сите расположливи синдикални средства ќе се обидуваме да најдеме заеднички јазик со надлежните. Владата како најголем работодавец во државата не ги почитува законите и колективните договори, но тоа не треба да нѐ обесхрабри да престанеме да бараме излезно решение за зголемување на платите односно нивно усогласување во овие дејности, рече Неделков.
Доколку преговорите останат без договор, веројатно ќе биде преземена, како што рече, една од двете порадикални синдикални средства – масовен јавен протест или генерален штрајк.
-Може да се најде и алтернативно решение за синдикалните активности, но за тоа ќе имаме информации по сабота. Доколку преговорите не бидат успешни, тогаш во најбрз можен рок СОНК ќе излезе со соопштение и ќе ги кажеме нашите следни чекори. Ова не е тенденциозно и не е од сега, но е прелевање на чашата и дуење на балонот кој не може да издржи и ќе пукне. Ние нудиме системски решенија за надминување на овој проблем. Точно е дека се работи за поголема сума на средства за да се усогласат платите, но ако има расположение од двете страни, оваа ситуација сигурно ќе се надмине. Најисправно е да се донесе решение за целиот јавен сектор, а не селективно да се гасат пожарчиња во една, друга или трета дејност. Проблемот е сериозен и не треба да се става под тепих зашто кога и да е – ќе ескалира, истакна Неделков.
СОНК не ја знае точната сума што е потребна за усогласување на платите во образованието, но, рече, таа е „нешто повеќе од потрошените средства за набавка на автомобили минатата година“.
Неделков соопшти и дека Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), каде што членува и СОНК, исто така на седница на Извршниот одбор во вторник ќе донесува одлука за следните чекори за јавниот сектор.
На прашање зошто СОНК не е на иста линија со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Неделков одговори дека ССМ не бил заинтересиран за усогласување.
-Ние се радуваме на зголемување на минималната плата, но и на секој работник во државата, без оглед кој каде работи треба, без исклучок, соодветно да му се зголеми платата. ССМ ја искористи позицијата единствен репрезентативен синдикат на национално ниво, што е под огромен прашалник дали е така, и блискоста со владејачките партии и сега одат по претпријатија каде што се договараат за скалесто зголемување на платите. Тоа се манипулации со јавноста и членството… Ако Владата нема интерес да ги задоволи потребите на најголемиот дел вработени во јавната администрација, тоа е влада со два аршина, рече Неделков. Додаде дека ССМ има резултати во синдикалните активности и дека се добредојдени ако СОНК организира протест.
Отворени огласи за вработување:

Во Гостивар за 6 часа санкционирани 52 возачи на мотоцикли

ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја

Владиците г.Пимен и г.Јосиф отслужија молебен на гробот на Св. Кирил

Факти за мајмунските сипаници

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак