Поврзи се со нас

Вести

Вработените во основните училишта во Гостивар се` уште немаат плати за февруари

Објавено

на

Доцни исплатата на февруарските плати за вработените во основните училишта на подрачјето на општина Гостивар. Наставниците реагираат дека се ближи крајот на месецот, а тие се уште не зеле плата за претходниот. Прашуваат која е причината и кога ќе им бидат исплатени платите.

Од локалната самоуправа објаснија дека тие ги завршиле своите обврски околу платите, а доцнењето се должи на административните процедури, со оглед на тоа што општината пред една недела донесе Буџет за 2018-та, а до сега беше на мерка „времено финансирање“.

„Откако Советот минатата недела го усвои Буџетот за 2018-та година, истиот беше пуштен во Министерството за финансии на читање, од каде денес добивме одговор дека е одобрен. Значи се работи само за технички аспекти, парите се обезбедени и би требало платите до петок да бидат исплатени“, рекоа од општината.

Од Регионалниот Синдикат за образование за Gostivarpress.mk потврдија дека ја добиле истата информација, нагласија дека ја следат состојбата и доколку до петок наставниците не ги земат платите, ќе се координираат за натамошни чекори. Вработените во средните училишта добиле плати за февруари навреме, затоа што нивните суми не биле опфатени со одредени процедури.

Проблем со платите во образование во општина Гостивар имаше и претходно. Октомвриската доцнеше поради одлука за ребаланс на ланскиот буџет, што пак беше причина за политички препукувања меѓу локалната власт и партиите од мнозинството во Советот. Декемвриската плата не беше исплатена навреме, поради воведување на мерката „времено финансирање“ на општината.

На територијата на општина Гостивар има 11 централни и дваесетина подрачни основни училишта.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 20 часа

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена