Гостивар
Вработените во Пошта во Гостивар приклучени на генералниот штрајк

Утрово во 8 часот почна најавениот генерален штрајк на вработените во националната Пошта, на кој се приклучија и вработените во подружницата во Гостивар. Нивното барање е линеарно зголемување на платите од 3.000 денари.
Поштенските работници се на своите работни места, но не даваат услуги, освен оние кои со закон се определени и не смеат да се прекинат и во услови на штрајк.
„Штрајкот е на ниво на цела држава, органиизран од двата синдикати на Пошта. Барањето е едно, а тоа е покачување на платите. Јас се сложувам со ова барање. 16 години со решение сум во оваа институција и три години со договор на дело и не паметам да имало покачување на платите. До пред некој месец, работниците на шалтер примаа по 16.000 плата, сега со покачувањето на минималецот земаат по 18.000, што навистина е малку, трошоците секој ден растата, а платите стојат во место. Ако некогаш во Пошта имало солидни плати, денес се најниски. Се солидаризирам со работниците, но сега не е време за штрајкови, претрпевме големи финансиски штети од пандемијата, па пропаѓањето на Еуростандард банка и последиците се големи. Сакам да информирам дека според Законот за поштенски услуги должни сме да обезбедиме прием, сортирање и дистрибуција на некои пратки и во овие услови, а тоа опфаќа судски, административни пратки, препорачани пратки за потребите на безбедноста и одбраната.“, појасни Бетим Мехмеди, директор на гостиварската подружница на Пошта.
Подружницата на Пошта во Гостивар има вкупно 104 вработени.
Во меѓувреме течат преговори меѓу синдикалните организации и управата на Пошта. Според последните информации, Управниот одбор им понудил на синдикалните организации од 1 јуни годинава линеарно да се зголемат за 3000 денари платите на 1700 вработени од оперативниот дел (поштари, шалтерски работници и други), а од 1 август покачување со тој износ да добијат и административните службеници во ова акционерско друштво во државна сопственост.
-Откако предлогот ќе биде доставен официјално ќе биде разгледан од синдикалните одбори, ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата и се потпише спогодбата штрајкот ќе биде прекинат“, информира претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигданов.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022