Македонија
Вработените во УЈП ќе испратат известување за штрајк до работодавачот

Од Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи кои вчера почнаа протест за повисоки плати за 30 проценти, најавија дека денеска ќе испратат известување за штрајк до работодавачот и предлог за помирување до Министерството за труд и социјална политика.
Од Синдикатот за МИА велат дека ќе ја реализираат одлуката за штрајкот што беше донесена вчера, ако не бидат исполнети нивните барања и штрајкот би се одржал за околу 15 дена.
Членовите на Синдикатот при УЈП од вчера започнаа со протести на работните места во времетраење од 10 до 12 часот, без да ги извршуваат работните обврски. – Оваа состојба би траела се до стапувањето во генерален штрајк, велат од синдикатот на УЈП.
Нивните барања, кои ги искажаа на предупредувачкиот протест кој се одржа во вторникот пред Министерството за финансии, се потпишување на Колективниот договор, во кој, како што велат, се утврдени неопходните права потребни за функционирање на Оправата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети, со кој е предвидено нивно зголемување за 30 отсто.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!