Гостивар
Врачени признанија за особен придонес во работата на ХЕС „Маврово“
Во рамки на одбележувањето на јубилејот, 65 години од пуштањето во употреба на ХЕС„Маврово“, беа врачени признанија за особен придонес во работата на компанијата.
Благодарница за особен придонес му беше доделена на Јово Чалоски, пензиониран работник во ХЕС, кој беше најавен како сведок на изградбата на хидроенергетскиот систем.
„Чест ми е што ја добивам оваа благодарница како човек во пензија, со повеќе искуство, со поминат цел мој работен век во изградбата и доградбата на хидроелектраните Вруток, Равен и Врбен. Ќе ми дозволите во мое лично име, а верувам дека ќе се сложите да посакам следната прослава да ја правиме со пуштање во погон на инвестицијата Луково поле.“, рече Чалоски од говорницата.
Пофалници пак за особен проидонес во работата на хидроенергетскиот систем, кои компанијата ги доделува на годишно ниво, добија вработените Борче Попоски, Добре Апостолоски и Слободан Аврамоски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар