Поврзи се со нас

Вести

Врбен на пат да стане свето место за астрономите

Објавено

на

 

„Како мештанин од Врбен среќен сум што потекувам од местото кадешто се родил Паскал. Роден во едно сиромашно, но прекрасно семејство тој успеал да прересне во светски познат научник. Треба секогаш да бидеме благодарни што преку него селото се прославува. Врбен е препознатлив  по хидроцентралата, а сега и по големиот Паскал Сотировски“, со овие зборови Владо Глигоровски, претседател на Здружението „Паскал Сотировски“  го отвори одбележувањето на 90 години од раѓањето на големиот астрофизичар од горнореканското село Врбен.

Спомен плочата во чест на професорот на Сорбона беше подигната летово, а вчера на датумот на неговиот роденден тука се собраа жители на селото, негови пријатели и соработници да се потсетат на неговите научни достигнувања, но и на неговата скромна и добра душа.

„Убавината на природата се отсликува во убавината на луѓето што живеат тука. Врбен има моќна, а питома природа што сосема одговара на човек каков што беше Паскал. Такви особини ретко се среќаваат во едно тело и душа. Од една страна моќ на мислата и визија, посветена на истражување на космосот, а од друга страна питомост и добродушност“, нагласи во своето излагање писателот д-р Александар Прокопиев кој со Паскал имал средби и дружење во Париз.

Неговите впечатоци за астрофизирачот од светски ранг ги дели и професорот на економскиот факултет д-р Љубомир Кекеновски потенцирајќи дека уште при првиот контакт со Паскал можела да се забележи неговата човечност и подготвеност да помага. „Импресионира тоа што можеше да се забележи едноставна  човечка македонска душа, која бараше луѓе на кои може да им се помогне во големиот град, Париз. Тоа беше непроценливо богатство за еден човек како мене и за други, да  сретнат успешен Македонец кој е подготвен да помага. Само на Македонецот како научник му се дава тоа внимание да влезе во тајната на староста на Сонцето“.

Свое видување и обраќање на одбележувањето имаше и публицистот Ставре Џиков, кој пред присутните не го криеше воодушевувањето од делото на Паскал, неговата посветеност на науката, големината како човек и ум.

Настанот заврши со положување на цвеќе пред спомен плочата, поставена на објектот на селското училиште. Од таму се испрати порака, родното место на светски познатиот научник, Врбен да стане свето место за астрономите.

Паскал Сотировски (1927-2003) дипломирал астрофизика во 1964 година, а во 1971 година докторирал на тема од областа на физиката на Сонцето. Бил професор на престижниот Универзитет Сорбона во Париз, член на Францускиот Национален центар за научни истражувања, член на Одделението за соларна и планетарна астрономија на Франција, член на МАНУ. Како астрофизичар негова специјалност била разоткривање на тајните на најсветлата ѕвезда Сонцето и истражување на сончевите дамки и ерупции. За својата научна работа се стекнал со високи признанија во светските научни кругови.

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 9 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 10 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 12 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 14 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 15 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 16 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 16 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 18 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 19 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена