Главна преокупација на сите периодов, секако ќе биде подготовката на зимницата. Неизбежниот ајвар, па познатите лутеница, малиџано, пинџур…Доколку сакате годинава да пробате нешто ново, може да го искористите овој рецепт за зимница: Ловечка салата. Вкусна, освежителна, може да се мези или да се мачка на лепче. Ако ви се погоди, споделете го рецептот со комшиите!
состојки:
1 литар сок од домати
2 кг. црвени пиперки
1/2 кг. кромид
5-6 чешниња лук
1/2 кг. моркови
100 гр. сол
100 гр. шеќер
100 мл. јаболков оцет
100 мл. масло
магданос
1 конзерванс
Подготовка: Измелете го кромидот и додадете го во сокот од домати. Смесата варете ја на тивко, половина час. Исецкајте ги пиперките, морковите и лукот на ситни парчиња. Откако смесата со кромидот и сосот од домат ќе се извари половина час, додадете ги другите исекцани состојки, ставете ги солта и шеќерот и прелијте со оцетот и маслото. Убаво промешајте и оставете нека се вари 100 до 120 минути, додека не добиете густина како на ајвар.
Откако ќе се свари, тргнете ја од оган, додадете го магданосот и конзервансот и оставете да отстои 10 до 15 минути. Потоа, наполнете во загреани тегли. Од оваа количина би требало да ви излезат пет 5 големи тегли.