Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 22/04/2019 | 08:54

Временска прогноза за работната недела за Гостивар

Времето денес (понеделник) ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степени.

Утре (вторник) следува промена на временските прилики и дестабилизација, почнувајќи од попладневните часови. Метеоролозите прогнозираат наоблачување, дожд и појава на грмежи. Температурата ќе биде во интервал од 5до 16 степени.

Во среда и четврток, ќе се врати сончевото и топло време, утринските температури ќе достигнат 8 степени, а дневната 22.

Работната недела, според метеоролошките прогнози ќе се заокружи со претежно топло време. Во петок се очекува темепературите да достигнат и до 25 степени, но со можни врнежи во попладневните часови.

Напишете коментар