Поврзи се со нас

Гостивар

Врнежливо, а топло време во периодот што следува

Објавено

на

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 21 степен.

Во следните денови од новата работна недела продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град. Температурата ќе биде релативно висока, а максималната дневна ќе биде над 20 степени.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена