Македонија
Во врска со пожарот приведени 5 лица на територија на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, 11 лица се во 48 часовен притвор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.
Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 11 лица во СВР Штип кои се во краткотраен притвор од 48 часа.
-Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите.
Најави и дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции меѓу кои и МВР
Според министерот Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.
– Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите, истакна Тошковски
Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести