Вести
Вселенскиот патријарх прв пат во историјата божиќното послание го објави и на македонски јазик

Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари.
Вселенскиот патријарх оваа година прв пат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Северна Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик.
-Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј.
Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот.
-Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието.
Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик:
- В А Р Т О Л О М Е Ј
Нашиот Спасител ги нарекува блажени „миротворците“, зашто „синови Божји ќе се наречат“ (Мт. 5, 9), ја претставува идејата за праведност и љубов дури и кон непријателите. Православната црква на Божествената Литургија се моли „за мир одозгора“ и „за мир на целиот свет“. „Твојот мир и Твојата љубов дарувај ни ги, Господи Боже наш, зашто ни даде сè“, се молиме, славејќи Го Дарителот на сите добра, во текот на Литургијата на Великиот Василиј. Ние, кои од Бога добивме сè, сме должни, како такви на кои им е извршено врвно добротворство, да се бориме за мирот повеќе отколку останатите луѓе, според библиското: „Кому му е дадено многу, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Во оваа смисла, сè што од страна на Христијаните се извршува спротивно на ова начело, не е на товар на Христијанството, туку на оние кои дејствуваат кон престапување на Божествените заповеди.Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство. Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите. Овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата.Преосвештени и Богољубиви браќа и возљубени чеда,Христос се раѓа – прославете Го, Христос од Небесата – сретнете Го, Христос на Земјата – возвишете се! Следејќи го поттикот на светиот претходник на Нашето Смирение на Престолот на Константинополската црква, Григориј Богослов, да го празнуваме роденденот на Спасителот на светот во духовна веселба, „не световно, туку надсветовно“, бегајќи од „сè што е излишно и повеќе од потребно; давајќи им на гладните и на другите што молат, кои се од истата глина и смеса [со нас]“ (Григориј Богослов, На Богојавление, односно Рождеството на Спасителот, PG 36, 316). Ви посакуваме на сите вас да имате умилително и славословно свето Дванаесетдневие, кое е вистинско исполнение на времето и зрак од светлината на вечноста. Нека претстојната 2023 година се покаже, по благоволението и благодатта на воплотениот за нас и за нашето спасение Бог Слово, период на мир, љубов и солидарност, вистинска година на благоста Господова.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава