Гостивар
Втор ден по ред нема новозаразени со корона во Гостивар, лекарите со апел за внимание на изборните собири

И денес, исто како вчера, нема нови потврдени случаи со коронавирус на подрачјето на Гостивар. Состојбата се стабилизира. Во денешниот извештај за состојбата со ковид во земјава, Гостивар е евидентиран само со оздравени пациенти и тоа вкупно седум. Новодијагностицирани и починати нема. Бројот на активно заразени во регионот опадна на 482. Значително е намален и бројот на хоспитализирани.
На инфективното одделение се лекуваат 9 пациенти. Пет добиваат кислородна поддршка, од нив два се во потешка состојба, информираше д-р Ратко Наумоски, раководител на одделението. Изборната кампања носи ризици поради собирите и партиските активности. Лекарите апелираат за внимание.
„Во моментов треба да се придржуваме на мерките, мислам дека не треба да има големи собири, или кога ќе одржуваат да се држи дистанца. Исто така, пожелно е, иако веќе не е задолжително, луѓето да носат маски и на отворено кога присуствуваат на помасовни собири“, рече д-р Наумоски.
Иако првично беше најавено дека модуларната болница ќе се затвори, таа останува во функција, се додека Министерството за здравство не донесе поинаква одлука. Таму моментално хоспитализирани се двајца ковид пациенти.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер