Поврзи се со нас

Македонија

Втор повик за проекти на општините следната недела

Објавено

на

    Следната недела ќе биде објавен втор повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти на општините, откако Владата денеска на седница ја почна постапката за повикот со којшто ќе бидат на располагање средства во износ до 15 милијарди денари.

    – Критериумите за учество  во најголем дел ќе бидат исти како и за првиот, но и олеснети во поглед на рокот за  поднесување документи и за почнување на постапката за јавна набавка. Ќе се  одлучува врз основа на два критриума: по глава на жител на  резидентно население во секоја општина согласно последниот попис и комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности потребни за почнување на јавна набавка со ревидирана предмер пресметка не постара од 12 месеци,  соопшти на прес-конференција министерот за локална самоуправа Златко Перински.

    Право на учество имаат сите општини, кои ќе можат да аплицираат со еден или повеќе  инфраструктурни проекти, а повикот ќе трае до 30 април годинава.

    Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека 15 милијарди денари што се ставаат на располагање на општините се значајни средства за изградба на капитални проекти како што се училишта, градинки, паркови, водоводни мрежи,  со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните.  – Се работи за историски  најголема инвестиција на централната власт во општините преку кои директо се влијае за подбар живот и повисок стандард, рече Мицкоски.

    На претходниот повик, потсети тој, 78 општини добија 288 проекти со вкупна вредност од над 73 милиони евра, а преку Министерството за транспорт беа доделени 800 милиони денари за финансирање на посебна програма за помош на општините.

    Процесот за распределба на средствата и за вториот повик ќе го следи владино координативно тело што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа. Средствата ќе се доделуват преку министерствата за транспорт, за животна средина и посторно планирање, за образование и наука, за социјала политика, за спорт и за култура, кои ќе треба да ги утврдат критериумите со кои ќе се финансираат проектите преку капитални дотации.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена