Вести
Втора фаза на прскање против комарци во Гостивар – пчеларите да ги заштитат пчелите
Во сабота (11 август) ќе се врши втората фаза дезинсекција за уништување на комарци и останати штетни инсекти, на подрачејто на општина Гостивар. Дезинсекцијата ќе почне после полноќ, и ќе трае до раните утрински часови.
Локалната самоуправа информираше дека ќе бидат опфатени следните локации: градскиот парк од двете страни на реката Вардар, кај болницата, ул. “ЈНА” до Здуњска раскрсница, коритото на реката Вардар во атарот на село Равен, каналот од Здуњска раскрсница, Шеста зона, Малеарди, ул. “Илинденска“, ул. „Беличица“ до населбата Фазанерија, Бањица, булеварот “Браќа Ѓиноски“, преку градскиот плоштад до излезот на градот кон село Чајле и река Јахорка во село Форино.
Во случај на време со дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи.
„Се молат одгледувачите на пчели да ги преземат соодветните мерки за заштита, да ги засолнат пчелите во нивните сандаци, да обезбедат потребна количина на вода за држење на пчелите затворени минимум 5-6 часа по третманот на подрачјето“, апелира општината.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар