Поврзи се со нас

Бизнис

WIZARD TATTOO & PIERCING STUDIO – Гостивар

Објавено

на

WIZARD TATTOO & PIERCING STUDIO – Свет на оригинална уметност

Тетовирањето и пирсингот, како еден вид уметност, имаат традиција над 2.000 години. Фактот дека опстојале толку долго, зборува за постојаната човекова потреба од креативност, естетика, оригиналност, создавање на личен белег на начин на кој тоа го прават ваквите видови на украсување на телото.

Ако сте љубител на тетоважи и пирс, знаете дека оваа специфична и деликатна работа не може да ја доверите секому. Ви треба сигурен, професионален, прецизен и внимателен мајстор. Во Гостивар студио со такви карактеристики може да најдете на ул.Илинденска бб, позади (стариот трговски) Јавор.

Во WIZARD TATTOO & PIERCING STUDIO клиентите се на прво место, што значи безбедно разубавување, без ризици и со висок квалитет. Голем дел се посветува на безбедноста, опремата редовно стерилизирана, се користат посебни игли за една употреба, боите кои се користат се од светски врвни брендови Intenze и StarBrite. Посебно се горди на штотуку набавениот Cheyenne Inc алат кој во моментов е без конкуренција, овозможува безболно тетовирање.

Секој човек е различен и има свои желби, фантазии, наклонетости кои сака да ги оживее преку тетоважа. Студиото ви го овозможува токму тоа – вашите замисли ги претвора во совршен траен цртеж на телото. Доколку пак, сте решени да ставите тетоважа, а немате идеја каква, тие ќе ви помогнат во изборот со понуда од илјадници примери на разни теми.

Преку WIZARD TATTOO & PIERCING STUDIO може да навлезете и во светот на пирсингот. Особено актуелен во пролетниот и летниот период, пирост како моден детаљ ќе ви го надополни стајлингот и беспрекорно ќе го отслика вашиот авантуристички дух.

WIZARD TATTOO & PIERCING STUDIO постојат 9 години. За подготовката на цртежите и пренесување замислата на хартија е задолжена Марија Гавриловска дипломиран ликовен уметник, додека од рацете на мајсторот Антон Гавриловски имаат произлезено повеќе од 700 слики на сите делови од телото. Искуството, уникатноста, следењето на новите техники на работа и технологијата на tattoo уметноста, го прават препознатлив и оригинален во своите дела.
Повеќе информации и контакт може да добиете на нивната фејсбук фан страна: WIZARD TATTOO & PIERCING STUDIO

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена