Гостивар
За 15-тина дена во Гостивар ќе почне со работа нов стационар за кучиња скитници
Од 1-ви ноември во Гостивар ќе профункционира втор стационар за бездомни кучиња. Објектот е во крајна фаза на подготовка, изградени се 30 боксови за животните и се работи на обезбедување на потребната опрема и реквизити за работа, како и приклучување на мрежата за електрична енергија и водовод. И овој шелтер центар, како и претходниот е сместен во комплексот кај старата касарна, во атарот на Долна Бањица.
Проектот “Дај ми засолниште за спас” на Иницијатива за граѓански интеграции се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан- ReLOaD, која е финансирана од Европската унија ( ЕУ) , а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)
„Пред две години во Гостивар немаше ниту еден стационар, а сега се гради веќе втор. Иако двата центри ќе имаат капацитет од 60-70 боксови, сепак не е доволно. Јас се надевам дека понатаму ќе можеме да продолжиме и со доградба и проширување. Оваа година до сега третирани се околу 200 кучиња, толката беше бројката и лани. Првична проценка беше дека во Гостивар има од 600 до 700 бездомни кучиња, но не е така, мислам дека има многу повеќе. Иако, голем број за две години се третирани, некои се згрижени од семејства, сепак мој личен впечаток е дека низ градот има многу кучиња.“,изјави градоначалникот Арбен Таравари
Освен заловување и третман на кучињата, проектот предвидува и други активности. „Планирана е кампања за вдомување на кучињата, затоа што сакаме да ги поттикнеме граѓаните да ги згрижат животните и на тој начин да ги тргнеме од улиците. Исто така, предвидена е и едукација на ученици, како да се однесуваат со кучиња скитници. Проектот ќе трае осум месеци, а потоа секако целата обврска и објектот ќе ги преземе општината“, рече Сунчица Ѓурчиноска од Иги.
Во постоечкиот стационар грижата и третманот на кучињата ги води Амос шелтер.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар