Гостивар
За 20-25 дена комплетно ќе заврши асфалтирањето на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар

Неделава отпочнаа работите за асфалтирање на една од најфреквентните сообраќајници во Гостивар, булеварот „Гоце Делчев“. Проектот ќе ги опфати двете коловозни ленти на потег од Центарот за култура до автобуската станица, во вкупна должина од околу 900 метри.
Денес, работите одблиску ги следеше в.д. градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани.
„Се надевам дека со овој проект ќе придонесеме за подобрување на патната инфраструктура во нашиот град, со цел нашите граѓани да имаат подобри услови и да можат слободно да се движат. Според најавите кои ги добивме од фирмата оператор, асфалтирањето целосно би се завршило во период од 20 до 25 дена. Се надевам дека можеби ќе се заврши и во побрз рок“, рече Лимани.
Првиот човек на Гостивар упати апел до инвеститорите и граѓаните кои имаат објекти во изградба во тој дел, да ги направат потребните приклучоци во подземната инфраструктура за да се избегнат оштетувања на асфалтот во иднина.
„Би апелирал до сите кои планираат градежни инвестиции, да се приклучат кон водоводната или канализационата мрежа, со цел после асфалтирањето да не си се сучува да се сече асфалтот и да се прави штета на улицата. Исто така би ги замолил граѓаните за трпение додека траат работите“, кажа Лимани.
За овој зафат ќе бидат издвоени околу 10 милиони денари, без пресметан ДДВ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог