Гостивар
За 25-те недоделени социјални станови во Гостивар ќе одлучува Комисија при Владата

Нераспределените социјални станови во Гостивар се префрлаат во надлежност на Комисијата за станбени прашања при Владата и заинтересираните граѓани директно таму ќе може да поднесуваат документи.
„Со одлука на Владата, преостанатите станови ќе се префрлат во Комисијата за станбени прашања и секој што сака да аплицира ќе може да ги поднесе документите кај Комисијата. Нема да се распишува нов оглас. Така направивме и во други градови, како на пример во Струмица, каде исто така останаа нераспределени станови.“, информираа за Gostivarpress.mk од Министерството за транспорт и врски.
Конечната ранг листа по огласот за распределба на социјалните станови во Гостивар беше објавена во јули годинава. Од вкупно 70 стана доделени беа 45, односно толку граѓани се стекнаа со право на закуп. 25 стана останаа празни.
На веб страницата на Владата пишува дека Комисија за станбени и иселенички прашања одлучува за давање под закуп станови во сопственост на Република Северна Македонија на лица избрани и именувани за вршење на јавни и други функции утврдени со Уставот и законот; социјално загрозени лица и станбено необезбедени, согласно Законот за социјална заштита и Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства; на лица на кои им престанало станарското право согласно Законот за денационализација; лица од подрачја прогласени за погодени од природни непогоди и епидемии, како и на вработени во државните органи, кои вршат посебни должности неопходни за остварување на основната функција на органот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?