Поврзи се со нас

Гостивар

За 25-те недоделени социјални станови во Гостивар ќе одлучува Комисија при Владата

Објавено

на

Нераспределените социјални станови во Гостивар се префрлаат во надлежност на  Комисијата за станбени прашања при Владата и заинтересираните граѓани директно таму ќе може да поднесуваат документи.

„Со одлука на Владата, преостанатите станови ќе се префрлат во Комисијата за станбени прашања и секој што сака да аплицира ќе може да ги поднесе документите кај Комисијата. Нема да се распишува нов оглас. Така направивме и во други градови, како на пример во Струмица, каде исто така останаа нераспределени станови.“, информираа за Gostivarpress.mk од Министерството за транспорт и врски.

Конечната ранг листа по огласот за распределба на социјалните станови во Гостивар беше објавена во јули годинава. Од вкупно 70 стана доделени беа 45, односно толку граѓани се стекнаа со право на закуп. 25 стана останаа празни.

На веб страницата на Владата пишува дека Комисија за станбени и иселенички прашања  одлучува за давање под закуп станови во сопственост на Република Северна Македонија на лица избрани и именувани за вршење на јавни и други функции утврдени со Уставот и законот; социјално загрозени лица и станбено необезбедени, согласно Законот за социјална заштита и Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства; на лица на кои им престанало станарското право согласно Законот за денационализација; лица од подрачја прогласени за погодени од природни непогоди и епидемии, како и на вработени во државните органи, кои вршат посебни должности неопходни за остварување на основната функција на органот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена