Вести
За Биткоин знаат сите, но и со овие криптовалути исто може добро да се заработи

Најпопуларната криптовалута Bitcoin е само една од 1.381 различна криптовалута што може да се сретнат на Интернет. Иако не се поплурани како BTC, постојат многу други дигитални валути на кои може исто така добро да се заработи. Издвојуваме некои од нив кои имаат остварено раст и од 3.000% годишно.
RIPPLE
Криптовалутата Ripple често се нарекува наследник на биткоинот. Оваа дигитална валута порано знаше да скокне и 36.018% годишно. Кој инвестирал 1.000 долари во Ripple на 1 јануари 2017 година, на крајот на истата година би заработил 13.180 долари.
Платформата Ripple беше лансирана во 2012 година за да овозможи безбедни глобални финансиски трансакции, веднаш и бесплатно. Ripple се повеќе се користи од страна на банките и мрежите за плаќање, а меѓу најпознатите корисници се швајцарските UBS, Bank of America и шпанската банка Santander.
ETHER
Валутата наречена Ether порасна како дел од протоколот на мрежата Etherium заснован на блокчејн технологијата. Во 2013 година, Etherium го дизајнираше 19-годишниот Виталик Бутерин, млад канадски програмер со руско потекло, со цел да создаде т.н. светски компјутер за извршување паметни договори. За таа цел, Бутерин и неговите партнери започнаа кампања која собра 18 милиони долари, додека системот, заедно со соодветната валута, беше пуштен во употреба во средината на 2015 година. На почетокот на 2017 година, неговата цена беше околу осум долари, а само во 2018 година, таа оствари раст од 9,162 проценти.
BITCOIN CASH
Bitcoin Cash или Cash Bitcoin е една од најновите дигитални валути, создадена со одвојување од биткоинот во август 2017 година. Имено, дел од сопствениците на биткоин побараа да се надградат на таа криптовалута со цел да извршуваат трансакции побрзо и со пониска такса. Кога повеќето сопственици на биткоин ја одбија идејата, гореспоменатите ентузијасти продолжија со својата идеја и создадоа Bitcoin Cash. Двете криптовалути, во меѓувреме, си го најдоа своето место под сонцето.
Цената на оваа криптовалута се зголеми 7 пати во последната година. Денес се тргува по цена од околу 495 долари.
CARDANO
Во текот на изминатата година, тој порасна за повеќе од 3.000%.
Овој децентрализиран блокчејн проект со отворен извор е актуелен од 2015 година. Cardano е најпознат по неговиот истражувачки филозофски пристап предводен од глобален тим научници и академици кои внимателно ја проучувале блокчејн технологијата. Често се нарекува јапонски етериум затоа што 95 проценти од учесниците во првичната понуда на монети биле од Јапонија. Cardano официјално започна да работи во август 2017 година и со раст од 2.782 проценти се проби меѓу првите 10 криптовалути според пазарната капитализација.
LITECOIN
Додека биткоинот е злато, Litecoin е сребрo меѓу дигиталните валути. Создаден е во 2011 година од Чарли Ли, поранешен вработен во Гугл, како алтернатива на биткоинот. Ли го создаде за да го намали времето потребно за да ги потврди новите трансакции и да го подобри начинот на ископување на крипто-валутите. „Мојата визија е дека луѓето користат Litecoin секој ден за да купуваат работи со него“, рече Ли во една прилика.
STELLAR
Stellar е отворен извор, протокол за размена на вредности, воспоставен на почетокот на 2014 година. При лансирањето, Stellar се засноваше на протоколот Riple, и откако направи неколку големи промени во кодот, се подели на посебна мрежа што може да обработи над 1.000 трансакции во секунда. Stellar издава дигитални средства во форма на таканаречени луменси.
NEM
Nem е криптовалута и блокчејн платформа лансирана на почетокот на 2015 година, најпозната во Јапонија. Освен во својата јавна платформа, Nem се користи во приватнi платформi наменетi за странски финансиски институции и приватни компании. Неговата цел е да ги намали банкарските трошоци за 90 проценти. Nem е првата блокчејн платформа за паметни средства.
IOTA
Iota се фокусира да стане основа за плаќања на Интернет и е единствена по тоа што е прва криптовалута која не се базира на блокчејн, туку на нова технологија наречена Tangle, што го прави секој корисник и рудар и обичен корисник. Iota нема провизии, сите плаќања се моментални, а брзината на мрежата се зголемува со бројот на корисници. Таа беше развиена од тим на претприемачи, математичари и програмери, а на пазарот пристигна пред половина година. Отпрвин, на пазарот кружеа максимум 2,7 милијарди Iota, а постигна голем раст на крајот на годината кога Microsoft објави можна соработка со оваа група.
DASH
Дигиталната валута Dash е наменета за брзи и приватни трансакции. Беше лансиран од Американецот Еван Дафилд во 2014 година. Отпрвин, дејствуваше под името ixcoin, потоа darkcoin. Само во 2017 година оствари раст за 9.265 проценти.
MONERO
Monero е криптовалута создадена во средината на 2014 година од страна на креаторот на форумот Bitcoin, кој се крие под името „tenkful_for_tudej“. Monero е интересен бидејќи деталите за секоја негова трансакција се запишуваат во еден вид јавна книга, но невозможно е да се следат. Ако користите Monero , во теорија, не можете да ви се влезе во трагата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила