Гостивар
За четири месеци во Гостивар се родиле 193 бебиња – Ќе има ли пад на наталитетот?

Во првите четири месеци од годинава, бројот на новороденчиња во Гостивар е отприлика ист како и во 2018-та, во тој месечен период. Земајќи ги предвид показателите, гинеколозите се оптимисти дека наталитетот ќе се одржи на стабилно ниво, и дека нема да има некој значителен пад на раѓања.
Податоците покажуваат дека од јануари до април 2019-та година, на гинеколошко-акушерското одделение во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар се родиле 193 бебиња, додека претходната во истиот период, 199.
„Сакам да потенцирам дека лани и оваа година, на наше задоволство бројката на раѓања е задржана на едно нормално ниво, за разлика од претходно кога имавме опаѓања на наталитетот. За сега, кога се спроведуваат 2018-та и 2019-та има намалување од само седум пациентки родилки, но факт е дека бројката варира од месец на месец, па веруваме дека до крајот на годината ќе го задржиме истото ниво“,вели раководителот на гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница д-р Агим Јакупи.
Гинеколошко-акушерското одделение во Гостивар ја заокружи минатата година со 674 новородени бебиња.
Според последните анализи на Државниот завод за статистика, просечната возраст на мајките родилки е 28.9 години, а 11.6 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите