Гостивар
За четири месеци во гостиварско пријавени над 1.000 вработувања

Според податоците објавени од државната Агенција за вработување, во првите четири месеци од оваа година, во поширокиот гостиварски регион биле регистрирани вкупно 1.075 пријави за засновање на работен однос. Од нив 731 биле на неопределено време, додека останатите времени или сезонски вработувања. Поголемиот дел од оние кои нашле работно место (645) претходно не биле евидентирани на листата на невработени во Агенцијата.
Ова е официјалната статистика за вработувањата од јануари до април 2019, на подрачјето на трите општини: Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Од Агенцијата за вработување наведуваат дека за едно лице можат да се регистрираат повеќе пријави на засновани работни односи, кои се евидентираат и бројат во вкупниот број на регистрирани пријави.
Споредено со лани, истиот период бројката е поголема за триесетина, додека во споредба со 2017-та бележи пораст од околу 120 повеќе пријави за работни односи.
Ако се земат актуелните показатели, во просек месечно на гостиварското подрачје се остваруваат по околу 270 вработувања.
Инаку на листата на невработени во гостиварско се наоѓаат 6.711 граѓани, од кои 3.859 се од градот Гостивар, 2.852 од селата. Над 700 од невработените чекаат работа повеќе од пет години.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите