Вести
За девет месеци 449 кривични дела во Гостивар

Во деветте месеци од годинава, вкупниот криминалитет на тетовско-гостиварското подрачје бележи намалување за 24 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти Секторот за внатрешни работи. Во овој период регистрирани се 1069 кривични дела, во Тетово 620 и Гостивар 449, во кои биле инволвирани 552 сторители, а кои се заокружени со 459 кривични пријави, Тетово 309 и Гостивар 150.
Во вкупниот криминалитет најзастапен е класичниот, односно општиот криминал, дури со над 90 проценти, додека далеку помалуброен е економскиот, организираниот и недозволената трговија со дрога и оружје. Во класичниот криминал,пак, кој споредено со минатата година е намален за околу 23 проценти, повторно доминираат имотните деликти, кражбите и тешките кражби, најчесто извршени во куќи, станови, продавници и моторни возила.
Во периодот за кој станува збор класичниот криминал е присутен со 966 кривични дела.Она што е карактеристично е дека намалени се таканаречените потешки кривични дела против животот и телото, како и делата против слободата на човекот, бракот и семејството и против слободата и половиот морал.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!