Гостивар
За доцнењето на превозот на учениците, Таравари прстот го впери кон ДУИ

Дваесетина дена доцнеше организираниот превоз на учениците од основните и средни училишта во Гостивар, што е во надлежност на локалната самоуправа. Првиот човек на општината, Арбен Таравари на новинарско прашање за причината, прстот го впери кон ДУИ.
„Од вторник минатата недела, веќе редовно тече транспортот на учениците до училиштата. Обично и се случува тоа доцнење, затоа што во општините кои ги води ДУИ, на тендерот конкурира една фирма, а во другите општини кои ги водат опозициските партии, се пријавуваат по 3-4 фирми, за да се одолговлекува процедурата. Замислете, фирма од Тетово конкурираше да ги транспортира учениците во Гостивар. И не конкурираат за да работат, туку за отпосле да поднесуваат жалби и процесот да се одолговлекува. Тие жалби одат во бирото, кое има задача да одговори за три дена, меѓутоа за жал, одговараат со доцнење од три недели. Затоа и доцнеше транспортот. Кога ДУИ реагира дека нема превоз за учениците, треба да ги прашате зошто бирото не си го работи своето и зошто компаниите по секоја цена во последен момент поднесуваат жалби, за банални работи. Но, транспортот е веќе решена работа и не очекувам натамошни пречки“, одговори Таравари.
Огранокот на ДУИ во Гостивар претходно реагираше дека по две недели од стартот на учената година, нема превоз за учениците. „Организирањето на превозот на ученици е обврска на училиштата и општината, додека Министерството за образование и наука – МОН преку блок дотации, за секој крај на месецот, префрла финансиски средства на сметката за промет на локалната самоуправа. Не може да има изговори. Финансиските средства ги обезбедува Министерството за образование и наука, додека локалната самоуправа треба само да ја организира јавната набавка.“, истакнаа од партијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава