Гостивар
За две недели уште пет лица заболеле од морбили во Гостивар

Во периодот од 14 до 28 јуни, на гостиварското подрачје регистрирани се 5 нови случаи на заразени од мали сипаници, со што вкупната бројка на заболени стигна до 79.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, најголемиот број на случаи изминатиот период се лица на возраст над 30 години, а што се однесува до вакциналниот статус, најголем процент се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од почетокот на епидемијата во декември 2018-та до сега, во земјава има над 1.800 пациенти со мали сипаници лабораториски потврдени, со стапка на заболување од 88,6 на 100.000 жители. Скопје, Куманово, Тетово, Струга и Гостивар се градови со најмногу заразени.
Околу 45% од пациентите со морбили во земјава биле хоспитализирани, а кај 15% се појавиле компликации. Од нив, најголем број компликации биле кај деца од 0-4 години, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на посериозни последици од заболеувањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош