Рецепти
За еден месец до совршена линија со помош на краставици и домати

Летото е идеална можност да ги промените вашите лоши навики во исхраната. Свежата храна е на дофат на секое чоше, и ако не ја поправите вашата диета и линија сега, не очекувајте тоа да се случи во декември.
Со диетата со краставици и домати, можете да го извајате телото и да изгледате како сакате. Диетата трае еден месец, а имајте на ум дека постојат здравствени стандарди за слабеење кои препорачуваат да не се губат повеќе од 10 кг месечно. Брзото слабеење може да доведе до разни заболувања. Пред да започнете со некоја диета, консултирајте се со вашиоt лекар, бидејќи единствено тој може да процени дали диетата е соодветна за вас.
Оваа диета вклучува лесна храна која заситува и во исто време е корисна. Со оваа диета, вие не се ограничувате, туку преминувате кон подобар начин на исхрана.
Погледнете како треба да се храните по денови:
ден 1
Појадок: 2 парчиња двопек со малку путер, 1 јаболко
Ручек: чорба со краставица
Ужина во 16 часот: 1 банана
Вечера во 19 часот: салата од домати и краставици
ден 2
Појадок: мусли со кисело млеко (млеко до 2% масленост)
Ручек: варени компири со малку сирење
Ужина во 16 часот: 1 банана
Вечера во 19 часот: салата од домати и краставици
ден 3
Појадок: 1 јаболко и 1 банана
Ручек: супа од пилешко
Ужина во 16 часот: неколку бадеми
Вечера воза 19 часот: салата од домати и краставици
ден 4
Појадок: бадеми, 1 јаболко
Ручек: чорба со краставица
Ужина во 16 часот: 300 грама овошје по ваш избор
Вечера во 19 часот: салата од краставици и домати
ден 5
Појадок: 350 грама овошна салата
Ручек: варени компири со сирење
Ужина во 16 часот: 1 јаболко
Вечера во 19 часот: салата од краставици и домати
Салатата со краставици и домати може малку да ја зачините со масло и сол, но доколку можете да ги исфрлите и тие зачини од нив би било идеално. Ако гладувате во одреден момент, пијте минерална вода или зелен чај до следниот оброк.
Режимот на диетата е наменет од понеделник до петок во работната недела во рок од еден месец. За време на викендите можете да си ги дозволите сите искушенија што ви се забранети во работните денови, но во умерени количини.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос