Гостивар
За една година во Гостивар починале 595 лица, од нив 6 доенчиња

Болестите на циркулаторниот систем, односно инфарктите и мозочните удари се најчестата причина за смрт во земјава. Овие болести, според податоците од Државниот завод за статистика учествуваат со 53.9% од вкупниот број на починати минатата година, кој изнесува 19 727 лица. По нив се неоплазмите (канцерогените заболувања) со околу 19% учество.
Анализите на ДЗС покажале дека бројот на умрените лица во 2018-та година е намален за 2.9% во однос на претходната година, а поголем број се од машки пол. Просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71.1 годинa, односно 75.7 години кај лицата од женски пол, или за 4.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Во земјава лани, починале 122 доенчиња.
На подрачјето на Општина Гостивар, минатата година животот престанал за 595 граѓани, од кои 319 биле од машки пол. Починале шест доенчиња, а според евиденцијата на Државниот завод за статистика сите претходно биле медицински лекувани.
Во Скопје, лани починале 31 доенче, во Тетово 15, Струга и Студеничани 5, Штип 6, додека во останатите општини немало случаи или по 1 до 4.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош