fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

За една недела 80 нови случаи на корона во Гостивар, активно болни се над 300 лица

Објавено

на

Гостивар останува меѓу првите региони во земјава по новозаразени со коронавирус. Според последниот збирен преглед на Институтот за јавно здравје за една недела (од 17 до 23 август) во гостиварско заболеле 80 лица, додека три починале како последица на компликации од вирусот. Во истиот период, 56 пациенти се евидентирани како оздравени.

На државно ниво за една недела потврдени се 839 нови случаи и 19 починати лица. Предничи Скопје со 281 новозаразен, а по него следува Куманово со 89. Оздравеле вкупно 554 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. ИЈЗ наведува дека најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (18%), 40-49 (16,9%) и 20-29 (16,7%) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,4%) и 10-19 години (5,8%).

Од почетокот на пандемијата, заклучно со 23 август во гостиварскиот регион дијагностицирани со корона се вкупно 740 граѓани. Активни болни моментално се 312, од кои во Општина Гостивар 284, Општина Врапчиште 26 и Маврово Ростуше 2.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Advertisement

АНКЕТА:

ДАЛИ БИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРОТИВ COVID-19?

Гостиварпред 2 недели

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Гостиварпред 4 недели

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Гостиварпред 3 недели

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

Гостиварпред 2 недели

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Гостиварпред 2 недели

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Гостиварпред 2 недели

Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност

Спортпред 3 недели

Џоџо Вокер нов плејмејкер на гостиварци

Гостиварпред 4 недели

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!