Гостивар
За една недела во Гостивар оздравеле 106 пациенти, но состојбата со корона останува сериозна
Состојбата со коронавирусот на гостиварското подрачје останува сериозна, но охрабрува што за една недела има над 100 оздравени пациенти. Ова беше еден од заклучоците од денешниот редовен неделен состанок на Кризниот штаб во Гостивар.
Според информациите дадени на состанокот, моментално активно болни во регионот се 255 лица, од кои 224 во Општина Гостивар, 29 во Општина Врапчиште и 2 во Маврово Ростуше.
„Заклучивме дека состојбата и натаму е сериозна, но радува фактот што имаме поголем број на оздравени пациенти, за една недела 106 лица оздравеле. Останува апелот до граѓаните и институциите да се придржуваат до мерките, носење маска, одржување на дистанца и редовна лична хигиена. Друг заклучок е дека во Гостивар се продолжува со дезинфекција на колективните згради, тоа го вршат екипи на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, на барање на граѓаните“, рече шефот на кабинет на градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.
Од почетокот на пандемијата во Гостивар се направени 2.298 тестови за ковид. Позитивни вкупно до сега биле 673.
Од Здравствениот дом Гостивар на состанокот информираа дека изминатата недела се намалила бројката на пациенти кои барале транспорт со Амбулантно возило до инфективното одделение, односно вкупно ги имало 4.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди