Поврзи се со нас

Гостивар

За Гостивар следуваат 260 контејнери обезбедени со пари собрани од продажба на пластични кеси

Објавено

на

Од први декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра.

Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од Министерството за животна средина за МИА велат дека собраните средства од наплата на пластични кеси се распределуваат согласно донесена Програма и истите ќе се искористат за набавка на садови за собирање отпад – контејнери и еден дел за кампања за подигање на јавната свест за потребата од селекција и можностите за рециклирање.

Целосната забрана за употреба на пластични и оксо-биоразградливи кеси на пазарите во земјава првично требаше да стапи на сила од 1 јуни годинава, но пред овој рок од Министерството информираа дека таа ќе стапи на сила од 1 јуни 2024 година.

Вкупно 7 169 контејнери ќе бидат распределени по општините  

Согласно годишната Програмата за распределба на собраните средства за 2023, донесена во февруари годинава, 105 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, а останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад.

Така 105 милиони денари ќе се користат за набавка на 7 190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини. Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува Министерството, по што тие ќе бидат поделени на општините.

Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери.

Најмногу, по 260 контејнери ќе добијат 17 општини, и тоа Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Битола, Велес, Гостивар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

Исклучок се пластичните кеси за ѓубре и подебелите кеси што може да се користат повеќе пати

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Македонија.

Според појаснувањето објавено од МЖСПП, дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција.

Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи. Ова се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 12 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 13 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 14 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 15 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 17 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 18 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 19 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена