Рецепти
За гурмани авантуристи – Торта од домати, ореви и чоколада
Доматите владеат на трпезата во салати, но оние кои сакаат да експериментираат во кујната можат да ги вметнат и во десертите. Еден таков креативен и храбар рецепт е тортата со сос од домати, ореви и чоколада. Доколку сте подготвени за поинакво слатко доживување, ова е вистинската торта за вас.
Состојки за тесто:
12 лажици шеќер
12 лажици масло
12 лажици сос од домати (претходно сварен и изладен)
1 лажиче сода бикарбона
меко брашно по потреба
Состојки за фил:
250 грама мелени ореви
350 грама шеќер
половина литар вода
80 грама бело чоколадо
5 лажици брашно
Подготовка:
Се замесува тесто од шеќерот, маслото, сосот од домат, содата и брашно по потреба. Добиеното тесто се пече. Откако е готово се сече на три кори.
За филот, 350 грама шеќер и половина литар вода се ставаат да зовријат. Во посебен сад, се раствораат 5 лажици брашно со малку вода, а потоа тоа се истура во врелиот шеќер. На крај се додаваат 250 грама мелени ореви и белото чоколадо. Сето тоа треба добро да се соедини, по што се филува тортата.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник