Вести
За итен здравствен проблем во полициски час не ви треба дозвола за до болница

Доколку граѓаните поради неодложни, моментални здравствени проблеми имаат потреба од лекар во период кога трае полицискиот час, не мора да бараат дополнителна дозвола.
„Го имавме предвид ова, бидејќи во животот се случуваат и непредвидени работи, граѓаните немаат потреба да бараат на броевите 192, или да бараат дополнителна дозвола, туку тие треба да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од теренските контроли доволно е да ја кажат точната локација на здравствена установа каде се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и пропуштени, а полицијата ќе изврши дополнителна контрола дали лицето навистина се упатило на наведената локација“, објасни заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, која нагласи дека злоупотребата ќе биде санкционирана.
Што се однесува до земјоделците, се однесува на земјоделците, за нив не важи полицискиот час доколку се движат во атарот на селото.
„Атарот на селото значи територијата на населеното место на живеење на земјоделецот, без разлика на километри на оддалеченост од местото на живеење. И ако се работи за истото населено место, на земјоделецот не му треба посебна дозвола, освен што важат генералните препораки: забраната за движење на лица над 67-годиша возраст и до 18 годишна возраст“, посочи заменичката Петровска.
Таа објасни дека за сите останати земјоделци, кои се движат по локален или регионален пат кои и ја напуштаат територијата на населеното место каде живеат, тогаш им е потребна дозвола, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград