Поврзи се со нас

Македонија

За кого ќе важи недела неработен ден? – се разгледуваат предлозите и опциите

Објавено

на

Стопанствениците и ресорните Министерства ги доставуваат своите предлози до Владата за законските измени во делот на прогласување на недела за неработен ден.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера изјави дека се разгледуваат опции големите маркети и магацини да не работат, додека кај малите трговци ќе нема измени.

„Малопродажните капацитети за моментот нема да имаат измени во овој дел и ќе работат како што налага законот за трговија. Што се однесува до трговијата на големо, или големите магацини, големите супер маркети, таму има неколку опции и ќе ги пратиме на разгледување во Влада и откако ќе добиеме зелено светло и од коморите секако ќе донесеме такво решение.“ изјави министерот.

Стопанските комори сметаат дека не треба да се донесуваат избрзани одлуки и сите околности треба да се земат предвид.

„Да се почитуваат некои правила каде што дел од бизнисите кои оперираат за викенди, да може да си ја вршат дејноста, но да се запази и делот на сите вработени да имаат еден ден за одмор во тек на недела и тоа да се почитува. Не треба да се избрзува со ова прашање.“ истакна Неби Хоџа, претседател на Северозападна стопанска комора.

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска претходно најави дека со сигурност во недела ќе работат само оние дејности кои имаат витални секојдневни функции како здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби и сл.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена