Поврзи се со нас

Гостивар

За култура догодина ќе се издвојат 3,2 милијарди денари

Објавено

на

Предлог-Буџетот за 2021 година за културата изнесува 3.276.430.000 денари, а средствата наменети за финансирање на проекти од национален интерес во културата во 2021 година изнесуваат 970.100.000 денари. Предлог-буџетот за култура во однос на целиот државен Буџет е 1,23 проценти, а во однос на Буџетот за 2020 година е намален за 10.000.000 денари.

„Успеавме, и покрај тешката економска ситуација, да имаме приближно ист буџет како минатата година. Скратени се средствата за културата, но тие се скратени во сите министерства, бидејќи во овој момент се соочуваме со здравствен предизвик чие побрзо надминување е во интерес на сите граѓани. Ние сега мора да преживееме за потоа да можеме да живееме. Во изминатиов период од корона кризата, ресорот култура извлече повеќе искуства, кои уверена сум ќе ни помогнат и до година успешно да се справуваме со реалноста и да креираме содржини, кои според протоколите ќе ни овозможат континуитет“, рече министерката за култура Ирена Стефоска при презентирање на предлог буџетот. Стефоска појасни дека во предлог-Буџетот за 2021 година се предвидени повеќе средства за: исплата на платите на вработените во установите од областа на културата согласно потпишаниот Колективен договор за култура, предвидени се средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи, а зголемување има кај ставката Блок-дотации, каде се предвидени повеќе средства за исплата на бруто платите на вработените во локалните установи кои се нивелирани заради примената на новиот Колективен договор за култура, како и за платите на директорите на локалните установи. Предвидени се и средства во висина од пет милиони денари за поправки и тековно одржување на објектите на националните установи, од кои голем дел се изградени  пред 30 години.

Во рамки на буџетот за култура од следната година се отвора нова програма – „Културно наследство во опасност“ за која ќе бидат издвоени 12 милиони денари.
„Во поглед на остварувањето на приоритетите во заштитата, Курбиново е на врвот. Како приоритет се наметнува и заштитата на црквата во Матејче, проблем кој е актуелен веќе дваесет години. Тука е и конзервацијата на Лешочкиот манастир. Лично отидов во Градскиот конзерваторски центар за да видам до каде е проектот за конзервација Аквадуктот. Имам добра вест – идејниот проект за конзервација на Аквадуктот е завршен, а основниот проект ќе биде готов за две недели“, рече Стефоска и додаде дека започнува и санацијата на куќата на Лазар Личеноски, како и санациите на неколку спомен-куќи низ државава, како и на Центарот за култура во некогашната куќа на Нијази Бег.

Што се однесува до средствата за капитални проекти, министерката за култура информираше дека за оваа намена се обезбедени 217.000.000 денари. Посочи дека планирани се средства за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, за реализација на втората фаза на Театарот и библиотека во Тетово, а со средствата во 2021 година, би требало да се заврши  Театарот во Струмица.

„Во буџетот се обезбедени средства (6 милиони денари) за набавка на опрема за националните установи, а сметам дека од голема важност се и обезбедените 57 милиони денари насочени за санација. Така во 2021 година, се планирани реконструкциите на Театарот Куманово и Центрите за култура во Кочани и во Гостивар“, истакна министерката за култура.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 9 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 11 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 14 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 14 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 16 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена