Македонија
За летното сметање на времето се чека мислење од МАНУ и Бирото за метрологија
Министерството за економија се уште ги прави анализите за можноста да остане летното сметање на времето, иако министерот за економија Крешник Бектеши во понеделникот изјави дека тие би требало да бидат готови до крајот на неделава.
Побарано е мислење од МАНУ и од Бирото за метрологија и штом се добие нивното мислење, како што вчера изјави министерот Бектеши, анализата ќе биде доставена до Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.
Одлуката дали ќе остане летното сметање на времето или ќе се премине кон зимско сметање, треба да биде донесена до крајот на овој месец.
И премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот изјави дека анализите ќе покажат каква одлука ќе биде донесена.
– Ќе видиме дали ќе продолжиме со летното сметање на времето или како досега ќе ја направиме промената. Во моментот, не можам да ви кажам, би сакал да ги видам анализите. Во моментот повеќе има „про“ оставање на летното сметање на времето, но да ги видиме сите детални анализи и потоа ќе донесеме одлука, рече Ковачевски.
Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври, кога стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар