Поврзи се со нас

Рецепти

За љубителите на старински рецепти-штрудла со афион

Објавено

на

Штрудлите порано биле редовно сервирани на семејните трпези, а ги има во најразлични варијанти. Една од најпознатите и најобожаваните е штрудлата со афион. Потсетуваме на рецептот.

Состојки:

 За тесто:
500 гр. брашно
250 мл. млеко
30 гр. квасец
1 јајце
1 жолчка
50 гр. шеќер
50 гр. растопен маргарин

 За фил:
500 гр. афион
200 гр. шеќер
филџан млеко

Подготовка:
Најпрво во млакото млеко разматете ги квасецот и шеќерот. Потоа додадете ги состојките за тестото и замесете. Оставете да отстои 20 минути и потоа поделете го тестото на 3 дела.

За филот помешајте ги афионот и шеќерот. Млекото ставете го на оган да зоврие и во него постепено додавајте ги шеќерот и афионот со постојано мешање.

Тестото расукајте го и премачкајте го со филот, а потоа завиткајте го во ролат. Повторете ја постапката со сите три дела на тесто. Загрејте ја рерната на 200 степени, плехот обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со масло, па ставете ги штрудлите на печење. Се печат 20-25 минути.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена