Вести
За муслиманските верници почнува месецот Рамазан
Верниците од муслиманска вероисповед од денес го започнуваат Рамазанскиот пост. Рамазан е свет месец за муслиманите за време на кој се верува дека рајските врати се отвораат, а вратите на пеколот се затвораат. Постот започнува од изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар) за кој период верниците се воздржуваат од храна и вода. Од пост се ослободени деца, бремени жени и болни лица.
Според Куранот, Рамазан има четири димензии: духовна, морална, солидарна и здравствена. Духовната се постигнува преку молитвата, моралната преку воздржување од лоши мисли, дела и гревови, здравствената со прочистување на организамот, додека солидарната преку помош на сиромашните. Рамазан секоја година се поместува 10 или 11 дена наназад, во зависност од тоа дали годината е престапна.
По триесетдневниот рамазански пост, доаѓа празникот Рамазан Бајрам, кој се слави три дена.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград