Гостивар
За непрописно престигнување во Гостивар за неколку часа казнети 42 возачи
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (2 октомври) од 14 до 19 часот спроведоа акциска контрола за престигнување во која вкупно биле санкционирани 71 возач (Тетово-29 и Гостивар-42).
Најголемиот број од констатирани прекршоци 60 (ТЕ-28 и ГВ-32) се однесувале на престигнување на недозволени места, 8 (ТЕ-1 и ГВ-7) на престигнување во колона и така натаму.
„На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност, со напомена дека за некои од прекршоците предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година. Вчера, исто така, на поширокото полошко подрачје продолжија и редовните контролни активности, во чие средиште биле лицата кои ги управуваат нивните возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Во овие активности откриени и адекватно санкционирани биле вкупно 8 возачи кои не поседувале возачки дозволи, на кои им се изготвени поднесоци и кои веднаш се исклучени од сообраќај.“, информира полицијата.
-
Гостиварпред 4 недели
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 5 дена
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 дена
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: Благица Димитровска | ПРОБЛЕМИТЕ И МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ