Поврзи се со нас

Вести

За половина година 140 тепачки, физички напади и други нарушувања на јавен ред и мир во Гостивар

Објавено

на

Во првите шест месеци од годината, на подрачјето на Гостивар регистрирани се вкупно 140 нарушувања на јавниот ред и мир. Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека најголемиот број од нив биле целосно расчистени. Против 184 сторители, инволвирани во прекршоците, биле поднесени 132 барања за поведување прекршочна постапка.

Речиси половина од прекршоците во изминатите шест месеци, вкупно 67 биле физички напади. Тепачки имало 11, караници, викање и непристојно однесување 16 случаи, а евидентирани се и 11 случаи на навредување и омаловажување на овластено службено лице.

Во овој период пријавени се и седум нарушувања на јавниот ред и мир  во и околу училиштата како и едно на спортски натпревар.

Најголемиот број од сторителите биле машки лица, а нарушувањата најчесто се случувале на улицата и во угостителски објекти.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена