Поврзи се со нас

Гостивар

За повеќе зеленило и добри еколошки навики: Првачињата во Гостивар ќе засадуваат дрвца во училишните дворови

Објавено

на

    Децата кои ќе тргнат во прво одделение оваа учебна година во Гостивар ќе се вклучат во раззеленување на животната средина, преку засадување на дрвца во дворовите на училиштата. Иницијативата дојде од советничката група на СДСМ на денешната седница на Советот на општина Гостивар, и беше прифатена од останатите советници.

    „Сигурна сум дека целта на сите од нас е кај децата, уште од најмали нозе да пренесеме позитивни навики, добро е да ги научиме на грижа за околината, зеленилото и пред се, да ги научиме на вистинка грижа за животната средина. Во време кога се повеќе сме опколени со згради, а се помалку со дрвја и зеленило, во името на советничката група на СДСМ предлагам да се дозволи децата запишано во прво одделение во општинските основни училишта да засадат дрвца во нивните училишни дворови и секоја година да се садат онолку дрвца колку што има број на првачиња. Понатаму, децата заедно со нивните учителки ќе се грижат за дрвцата кои што ги засадиле, а на крајот од нивното школување во основно училиште, ќе остават нешто свое. На таков начин, ќе се создаваат генерациски стебла и ќе се помогне за зголемување на вегетацијата во градот. Оттука, барам општината да даде одобрение и да обезбеди доволен број на садници, за секоја нова генерација која ќе почнува во прво одделение во општинските основни училишта.“, кажа советничката Ема Нешковска при образложување на иницијативата.

    Доколку во училишните дворови нема доволно место за дрвцата, активноста ќе се спроведе во парковите и други локации предвидени за зелени површини.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 22 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена