Македонија
За продолжениот викенд над 31.000 лица поминале низ ГП „Табановце“
Над 15.000 патници влегле, над 16.000 излегле на граничниот премин „Табановце“ за време на продолжениот празничен викенд, информираа денеска од МВР. На граничниот премин „Пелинце“, пак, влегле над 5.000 лица, а излегле над 1.700.
Според податоците на граничниот премин „Табановце“, од полноќ од 2/3 август годинава до денеска до 11:00 часот, во државата влегле 15.071 патници, од кои 6.443 македонски државјани, а 8.628 странски државјани. Излез оствариле 16.737 патници, од кој 9.685 македонски државјани, а 7.052 странски државјани.
И лани бројката на влез и излез е слична како и оваа година. Споредено со лани (2023) според податоците на МВР, во истиот временски период на ГП „Табановце“ влез оствариле 8.190 македонски државјани, 13.172 странски државјани, излез оствариле 21.362, од кои 11.349 македонски државјани, 9.144 странски државјани или вкупно 20.493 граѓани.
Граничниот премин „Пелинце“ на северната граница со соседна Србија, во летниот период повеќе го користат странски државјани, покажуваат податоците на МВР. Продолжениот празничен викенд на овој премин влез оствариле 5.126 патници, од кои 1.072 македонски државјани, а 4.054 странски државјани, излез оствариле 1.746 патници, 841 македонски државјани 905 странски државјани.
И лани состојбата била слична, влегле 555 македонски државјани, 2.540 странски државјани или вкупно 3.095. Излез оствариле 595 македонски државјани, 792 странски или вкупно 1.387 лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар