Поврзи се со нас

Гостивар

За прв пат сондажно археолошко истражување на Калето кај гостиварското село Равен

Објавено

на

Деновиве започнаа работите за археолошко истражување на локалитетот Кале, кај гостиварското село Равен. Калето се наоѓа на околу 1 километар западно од селото, на надморска висина од 790 метри. Ископувањата ќе се одвиваат во период од еден месец и се очекува да одгатнат многу тајни и непознати факти за локалитетот, што понатаму ќе води кон негова заштита.

„Ние всушност правиме еден историски исчекор во гостиварско и ги правиме првите сондажни археолошки истражувања, коишто ќе имаат цел за еден вид на заштита на археолошки локалитети. Како што ни беше проектот во Ѓоновица, истите постапки ги правиме и во Равен на локалитетот Калаја. За наша среќа, во 1953 година бил регистриран како споменик на култура, но тој документ  донесен без елаборација, без одредување на вредностите на самиот локалитет. Нашата цел е всушност да направиме еден детален пресек на локалитетот и да му ги дадеме тие историски и културни вредности и со тоа една ревалоризација со која сеопфатно ќе го ставиме локалитетот под заштита.“, објасни д-р Сања И. Велкоска, од Националниот конзерваторски центар.

Проектот е на Конзерваторскиот центар од Гостивар, а во реализацијата учестуваат стручни екипи од Арxеолошкиот Музеј, од Националниот конзерваторски центар, како и истржувачи од катедра по Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.

 „Имаме еден навистина добар тим, полн со позитивна енергија, кој работи многу посветено, под под раководство на д-р Сања И. Велкоска, во соработка со Буњамин Џемаили од Археолошкиот Музеј и стручниот консултант од Филозофскиот Факултет проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, како и надворешните соработници археолози Даниел Ѓорѓиевски и Сали Ислами. Во ископувањата се вклучени и студенти од Институтот за историја на уметноста со археологија“, рече директорот на Конзерваторски центар Гостивар, Муса Селими.

Велкоска вели дека ова е прв чекор во заштита на Калето, но долгорочно ќе се работи, локалитетот не само да биде истражен, туку да се промовира и како атрактивно туристичко место.

Од Конзерваторскиот Центар во Гостивар нагласија дека за проектот добиваат поддршка и имаат добра соработка со месното население и со полицијата.

Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура, во склоп на годишната програма за 2019 година.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 8 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 8 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 14 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена