Култура
За прв пат во Гостивар Слем поезија настан

Под слоганот Poetry in Action, во Гостивар за прв пат ќе се одржи настан со Слем поезија на кој ќе учествуваат десетина млади автори од градот, кои сакаат да ги искажат своите ставови, чувства, мисли преку стихови и автентична интерпретација. Идејата и организацијата за еден ваков современ и светски популарен поетски настан е на матурантката од гостиварската гимназија Симона Филипоска, со поддршка на останатите учесници.
„Публиката ќе има можност да слушне поезија од моќните гласови на млади средношколци на темата нееднаквости и неправди. Темите кои се опфатени се најмногу поврзани со правата на жените, двојните стандарди и живеењето во патријархален систем.“, нагласуваа Филипоска.
Настанот ќе се одржи на 7 март со почеток во 17 часот во YCC (Центар за млади и заедницата).
Слем поезијата во суштина спојува умешност на пишување, перформанс и изведба, а вообичаено учесниците ги оценува публиката. Темите кои се одбираат се врзани со одредени проблематики, често се провокативни и целта е да ги натераат слушателите на размислување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава