Македонија
За речиси 63% пораснал бројот на корона позитивни, Македонија во фаза на широка трансмисија на вирусот
Во периодот од 11 до 17 јули во земјава направени се 7.858 ковид тестови, а регистрирани сe 2.819 нови позитивни случаи, што е зголемување од 62,9% во однос на претходната недела, објави Институтот за јавно здравје. Процентот на позитивност се движи од 32,0% до 37,5%, просечно 35,6%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.472). Во Гостивар потврдени се 57 случаи.
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.763 лица во хоспитални услови или на домашно лекување. Пријавени се 668 реинфекции, со зголемување од 51,8% во однос на претходната недела.
Не се пријавени смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела (11-17.07.2022).
„Во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ во периодот од 11-17.07.2022 година е изведено секвенционирање за детекција на варијанти на SARS CoV-2. Изработени се вкупно 48 примероци од пунктови позитивни на SARS CoV-2 од Скопје, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Неготино, Кочани, Штип, Струмица, Струга и Тетово. Кај 39 примероци (81,2%) е детектирана BA.5 сублинијата на Омикрон сојот, кај 6 примероци (12,5%) е детектирана BA.2 сублинијата, додека пак кај 3 примерока (6,3%) – BA.1 сублинијата на Омикрон. Новодетектираната BA.5 сублинија е забележана кај примероци од различни градови: Скопје, Струмица, Охрид, Штип, Неготино, Велес, Кавадарци, Тетово, Кочани и Гевгелија.“, стои во извештајот на ИЈЗ.
Според категоризацијата Македонија се наоѓа во фаза на широка трансмисија на вирусот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар