Гостивар
За ред низ улиците во Гостивар повеќе паркинзи, пајак возила, алтернативни патишта…

Како да се растовари сообраќајот во Гостивар, особено во централното градско подрачје и да се создадат услови за безбедно движење на пешаците? Ова се горливи прашања од гостиварското секојдневие, кои беа отворени како тема на дисусија на денешната седница на Советот.
Началникот на ОВР Гостивар, Басри Весели подвлече дека како приоритети ги нотирале обезбедувањето на повеќе паркинг места, специјализирани пајак возила за подигнување на погрешно паркирани автомобили како и алтернативни улици за движење со возилата.
„Според официјалните податоци на гостиварското подрачје има 38 илјади регистрирани возила, што е многу голема бројка. Мора да имаме и предвид дека во сезона, на тоа треба да се додадат и возилата на иселениците. А, официјални обележани паркинг места имаме 800, што е навистина недоволно. И точно е дека возачите паркираат, кој каде стигне. Неопходно е да се воведе ред, а за да се постигнат резултати во тој правец мора да се обезбедат повеќе паркинзи и пајак возила. Минимум три пајак возила треба да бидат на располагање, за да заедно со претпријатието за паркинзи, делуваме кон оние што паркираат непрописно. И во време на зголемена фреквенција на сообраќај, како што е летниот период да има алтернативни патишта за движење, кои ќе ја растоварат гужвата во централното градско јадро“, нагласи началникот.
Советникот Џеват Фејзули, кој е и претседател на Здружението на слепи и лица со оштетен вид Реалност, истакна дека слободното движење е особено проблем за лицата со попречености поради блокираните пешачки премини.
„Замислете како може да помине улица едно слепо лице или некој во инвалидска количка? Тие проблеми мора да се решаваат“, рече тој.
Од полицијата сметаат дека и обезбедување на фиксни видео камери на главните раскрсници и улици, ќе придонесе за поголем сообраќаен ред и дисциплина.
Како други приоритети на кои треба да се реагира беа спомнати и кучињата скитници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог