Гостивар
За само еден ден во Гостивар откриени 10 возачи без возачки дозволи
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/08/gostivar.jpg)
Управувањето возила без положен испит и валидна возачка дозвола е еден од честите прекршоци низ патиштата и улиците на гостиварското подрачје. Го прават главно помлади лица, на возраст од 15 до 19 години, со различни моторни возила, автомобили, моторцикли, но и комбиња. Во текот на вчерашниот ден, полицијата во Гостивар открила и казнила десет возачи без возачки дозволи.
Освен тоа, биле спроведени и превентивно-контролни активности за поголем ред со паркирањето. Во соработка со пајак службата биле подигнати четири непрописно паркирани автомобили, а возачите се соочиле со соодветни казни за прекршокот.
„Најмногу се санкционираат неправилно паркирани возила во близина на крстосници, во зеленило, на тротоари или на други јавни сообраќајни површини, кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници, како и паркираните во таканаречени двојни редови. При тоа, посебен акцент во овие активности им е ставен на улиците и тротоарите во близина на училиштата, основни и средни.“, соопшти СВР Тетово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград