Поврзи се со нас

Здравје и убавина

За што е добар зелениот чај?

Објавено

на

Зелениот чај е еден од најлековитите пијалоци во светот. Бидејќи е меѓу најмалку обработените чаеви, тој ги задржува своите вредни здравствени придобивки, како што се екстремно високите нивоа на антиоксиданси и корисни полифеноли.

Затоа се смета за златен стандард меѓу пијалоците, еден вид „волшебен пијалок“ кој помага при различни состојби, како заштита од рак, а се препорачува и редовно консумирање во помали количини. Зелениот чај има многу здравствени придобивки, а еве и неколку од нив.

Го намалува стресот

Редовното консумирање зелен чај може да го намали нивото на хормонот на стресот. Освен тоа, зелениот чај ја содржи и аминокиселината Л – теанин, која докажано ја ублажува анксиозноста, па се чувствувате подобро.

Заштита од рак

Секојдневното консумирање зелен чај го намалува ризикот од развој на рак на мочниот меур, хранопроводникот, јајниците, панкреасот, простатата, желудникот и кожата. Една студија има покажано дека жените кои пијат 2 или повеќе шолји зелен чај секој ден имаат 46% помал ризик од развој на рак на јајниците.

Добар е за циркулација

Зелениот чај има алкален ефект и може да го намали нивото на холестерол. Исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта и го намалува ризикот од развој на болести на васкуларниот систем.

Го регулира крвниот притисок

Бројни студии покажаа дека зелениот чај го намалува ризикот од срцеви заболувања. Со секојдневно пиење зелен чај, можете да го регулирате нивото на крвниот притисок и да го намалите ризикот од срцев удар.

Го намалува ризикот за Алцхајмерова болест

Едно истражување покажа дека зелениот чај го намалува ризикот од насобирање наслаги во областа на мозокот што може да го зголеми ризикот од развој на Алцхајмерова болест.

Ја подобрува концентрацијата

Во составот на чајот има кофеин кој ја подобрува концентрацијата и меморијата. Пијте зелен чај наутро или рано попладне кога ќе забележите пад на нивото на енергија и концентрацијата.

Го намалува ризикот за Паркинсонова болест

Редовното консумирање зелен чај може да го намали ризикот од развој на Паркинсонова болест и да ја забави нејзината прогресија.

Чај за слабеење

Зелениот чај е одличен извор на катехини кои го поттикнуваат согорувањето на масните клетки. Затоа зелениот чај се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со губење на тежината или одржување на здрава тежина, како замена за кафе или сок.

Го намалува ризикот од развој на Дијабетес

Зелениот чај го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и може да помогне во контролата на нивото на шеќер и со тоа да ја намали потребата од земање терапија (консултација со лекар).

Здравје на зглобовите

Катехините од зелениот чај го намалуваат хроничното воспаление, ја штитат ‘рскавицата и спречуваат дегенерација на коските.

Можни несакани ефекти од зелениот чај

Сепак, зелениот чај не е лек и прекумерното консумирање може да доведе до несакани ефекти кои не се опасни по живот, но можат да му наштетат на вашето здравје. Сите придобивки од зелениот чај ќе се реализираат со умерено консумирање, а неумереноста ќе доведе до овие состојби.

Еден од најчестите примери на несакани ефекти е дијареата која се јавува при пиење големи количини зелен чај, особено кај луѓе кои се на диета или во процес на слабеење и не внесуваат доволно витамини и минерали во организмот.

Исто така, зелениот чај има одредена доза на кофеин, што е помала од онаа во кафето или црниот чај, но сепак се советува да се внимава со дозирањето и да не се конзумира зелен чај во доцните попладневни часови. Премногу кофеин може да предизвика главоболки и проблеми со спиењето, а другите соединенија, кои ги има во изобилство во зелениот чај, може да предизвикаат гадење, вртоглавица, нарушувања на срцевиот ритам (аритмии) или проблеми со крвниот притисок.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 недели

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена