Здравје и убавина
За што се` е корисна кората од лимонот?
Сите знаеме колку е здрав лимонот и какви благотворни дејства има за нашиот организам. Но, малку е познато дека и кората од ова овошје може да биде многу корисна. Таа содржи и до десет пати повеќе витамини отколку сокот од лимон, а богата е и со етерични масла кои помагаат во борба против инфекции.
За оние кои имаат проблеми со коските, кората од лимон е вистинското решение. Изобилува со калциум и витамин Ц. Консумирањето на кора од лимон спречува остеопороза, ревматоиден артритис, инфламаторен полиартритис и други болести на коските.
Варена кора од лимон помага во намалување на холестеролот, помага во чистењето на крвните садови, против зголемен крвен притисок, болести на срцето…
Многу позитивно делува врз метаболизмот, што значи дека е сојузник во слабеењето. Ако сакате да изгубите некој килограм, користете кора од лимон.
Најчест начин на употреба: рендана кора од лимон се додава во сок, чај, во салати и други јадења. Со количината не смеете да претерате, се козумира најмногу кора од четвртина до половина лимон во денот.
Во однос на употребата, се препорачува да изберете органски одгледуван лимон и секогаш добро и темелно да го измиете пред конзумирање.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар