Поврзи се со нас

Забава

За сите спијачи што не го сакаат понеделникот…

Првиот работен ден по викендот е најнеомилен за луѓето, особено за оние коишто потешко се прилагодуваат на работните обврски. Многу истражувања направени во различни делови ос светот докажале дека понеделникот е најнепродуктивен ден во неделата, ден во кој луѓето малку се смеат, а лесно се лутат и избувнуваат.

Едно истражување во кое биле вклучени 2.000 испитаници покажало дека секој трет човек има аверзија спрема понеделникот. Според добиените резултати, просечна возрасна личност во понеделник се жали околу 34 минути, додека во останатите денови таа бројка е намалена на 20-тина минути. Исто така, во понеделник луѓето ретко се задоволни од својата фризура, полесно ги иритира сообраќајната ситуација, а болките и уморот ги чувствуваат посилно.

Медицинарите сметаат дека голем дел од луѓето немаат енергија во понеделник, затоа што обично во текот на викендите повеќе се јаде, се посетуваат забави и кафеани, па се конзумира алкохол и повеќе цигари.

Како да си го олесните понеделникот?

Наутро извршувајте ги позабавните, едноставни задачи кои нема да ве преоптоварат. Оставете ги најтешките задачи за понатаму во текот на неделата или барем за попладневните часови.

Дозволете си некое мало задоволство што ќе ве усреќи. На пример, на пауза свратете до вашата омилена слаткарница.

Секогаш внесувајте нешто ново во понеделникот за да ја избегнете здодевната рутина.

Доколку на вашето работно место не мора да носите униформа, во понеделник облечете алишта во светли бои.

 

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!