Вести
За три месеци, 45 повредени лица во сообраќајки во гостиварско
Статистиката на полицијата бележи пораст на бројот на сообраќајни несреќи во гостиварско во првото тримесечје од годинава. Во јануари, февруари и март регистриранa е 71 несреќа што е 15 повеќе во споредба со истиот период лани.
Жртви за среќа немало, но бројот на повредени не е за занемарување. Седум несреќи завршиле со исто толку тешко повредени, а осумнаесет со 38 полесно повредени лица, меѓу кои имало и пет пешаци. Во 46 била причинета само материјална штета.
Податоците од полицијата покажуваат дека најчеста причина за несреќите како и претходно е брзото возење, по што следуваат недржење страна, неправилно вршење дејствие, недржење растојание и други.
Најмногу од несреќите (38) се случиле во населено место и пред се на гостиварските улици, а преостанатите 33 на отворен пат.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди